March 29, 2024, 11:59 am

Град Скопје го продолжи рокот за субвенции за инвертер клими, остануваат средства уште за 500 домаќинства

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ДО ДЕНЕСКА ПРИСТИГНАТИ 4.508 БАРАЊА ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ИНВЕРТЕРИ, АПЛИЦИРАЈТЕ, ПОВИКОТ Е СЕ УШТЕ ОТВОРЕН

Градот Скопје ги потсетува граѓаните дека е во тек јавниот повик за доделување субвенции за набавка на инвертер клима уреди, на кој досега пристигнале 4.508 апликации. Овој повик беше продолжен пред четири дена откако се утврди дека не се исцрпени сите средства предвидени за оваа намена.

Јавниот повик за доделување субвенции за инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата ги опфаќа граѓаните кои купиле инвертер од 01.01.2020 година, до завршувањето на повикот на 30.11.2020 години или до денот на исцрпување на средствата. На овој повик граѓаните може да аплицираат онлајн.

Според условите во повикот, на граѓаните ќе им бидат целосно надоместени трошоците за набавка на инвертер клима уред, но не повеќе од 62.000 денари во нето износ. Сите информации за повикот, како и формуларите за електронското пријавување може да се најдат на следниов линк: https://www.surveymonkey.com

Во меѓувреме, тече процесот на предавање на старите печки на дрва или на јаглен за апликантите кои имаа успешна пријава. За да им олесни на граѓаните, Градот Скопје досега организираше три успешни акции за предавање на старите печки – во Сарај, Шуто Оризари и во рециклажниот двор на ЈП „Комунална хигиена“ во Карпош, а предадени се над 1.000 печки.

Градот Скопје ги замолува граѓаните за трпение додека трае процесот на проверка на апликациите, зашто станува збор за голема бројка пристигнати пријави. Граѓаните за кои ќе биде утврдено дека имаат уредна пријава ќе добијат телефонски повик од Градот Скопје со насоки во кој термин и на која локација да ја донесат својата стара печка.

Значајно е да се нагласи и дека во наредните две години, согласно со условите од јавниот повик, градската или државната инспекција може да врши инспекциски надзор на лицата што добиле субвенција, за да се види дали навистина ги користат инвертерите или е направена измама, за што ќе биде поведена постапка за враќање на финансиските средства.

ДО ДЕНЕСКА ПРИСТИГНАТИ 4.508 БАРАЊА ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ИНВЕРТЕРИ, АПЛИЦИРАЈТЕ, ПОВИКОТ Е СЕ УШТЕ ОТВОРЕНГрадот Скопје ги…

Posted by Град Скопје on Wednesday, October 21, 2020

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This