Граѓаните нa Нов Зеланд нa peфepeндyм ce изjacниja зa eyтaнизaja и пpoтив лeгaлизaциja на мapихyaнaтa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Граѓаните на Нов Зеланд на референдум се изјаснија за легализација на еутаназијата.

Според првичните резултати, 65,2 отсто од граѓаните го поддржале Законот за еутаназија, со кој им се овозможува на смртно болните луѓе, кои немаат повеќе од шест месеци живот да умрат со асистенција, ако тоа го одобрат двајца лекари.

Предвидено е Законот да стапи во сила во ноември 2021 година. Закон за еутаназија имаат Канада и Холандија.

Од друга страна, пак, граѓаните на Нов Зеланд на референдум се изјаснија против легализација на марихуана во рекреативни цели.

Околу 53 проценти од граѓаните гласале „против“, а 46 се изјасниле „за“ легализација на марихауната.

Рекреативната употреба на марихауаната е легализирана или декриминализирана во Канада, Јужна Африка, Уругвај, Грузија и неколку американски сојузни држави.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This