Грешката на Мицкоски, пораките на Катица по „Вибер“ и кој исказ го крие Русковска за да го спаси Зоран Заев?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Несмасна беше денешната прес-конференција на Маричиќ и Локвенец во која де-факто ја обзнанија единствената идеолошка водилка на нивната партија и вождот кој целата држава ја превеслува жедна преку вода. И несмасноста се наоѓа во единствената констатација дека го „фатиле“ Мицкоски како ширел „лажен патриотизам“. Значи, Маричиќ и Локвенец денес потврдија дека патриотизам е да си против Договорот со Бугарија, но затоа што Мицкоски кажал дека поддржува „се што е позитивно за двете држави“ – што според нив значело и поддршка за договорот – тоа било „лажен патриотизам“.

Какви идиоти. Но, морам да нагласам идиоти на кои во оваа прилика би им се заблагодарил што конечно го потврдија наративот кој јас и неколкумина мои колеги со години се обидуваат да го обелоденат, а тоа е дека СДСМ не е партија која се грижи за иднината на државата и граѓаните. Односно, Социјалдемократите во Македонија не се патриоти. Тоа денес и си го потврдија.

Но да се навратам на спорната снимка на која СДСМ го слушнале „лажниот патриотизам“ – значи ако прифаќаш договор не си патриот – на Мицкоски.

Дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ направи кардинална грешка што седна на иста маса со Бојко Борисов, направи. Тоа е неспорно. Не постои оправдување, не постои причина и прагма во седнување на иста маса со човек кој јавно објаснуваше дека не сакал да се поздрави со лидер на ВМРО-ДПМНЕ. Не постои ниту еден единствен аргумент кој може да оправда средба со човек кој активно работеше и работи на носење и одржување на власта на Зоран Заев. Требаше да знае Мицкоски, уште во моментот кога пред камери Борисов почна да се однесува како џандар – што и е, дека се обидувa да го намести.

Јас не се ни сомневам дека Заев барал ваква „шема“ од Бојко.

Е тоа што актуелната власт е неспособна дури и пенал да даде на празен гол, тоа е друга приказна и среќна околност за раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

Колку за потсетување, дијалогот со соседна Бугарија го започна токму ВМРО-ДПМНЕ, кое од осамостојувањето на Македонија до некаде 2015 година се трудеше да ги надмине разликите со источните соседи. Се сеќавате дека во 1999 година првата Декларација за добрососедство ја потпиша токму влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ. До тогаш пак, додека ВМРО-ДПМНЕ се обидуваше да ги стабилизра односите со соседите, СДСМ се обдиуваше да ги наруши што повеќе.
Додека Љубчо и Доста преговараа со Бугарија, СДСМ делеше флаери по Скопје дека ВМРО-ДПМНЕ е „бугарашка партија“, а дека Бугарите се одраз на мизеријата на Балканите. СДСМ беа и оние кои додека ВМРО-ДПМНЕ се обидуваше да ги интегрира Албанците од западна Макдонија во општеството, тие делеа флаери и ширеа анти-албанска пропаганда, отсликувајќи ги Албанците во Македонија како најголемите непријатели на земјата. Да, гетоизирањето на Албанците го направи СДСМ. Ќе се сетите сигурно на пукањето во Гостивар во кое загинаа неколкумина – е тоа беше организирано од Фрчковски.

Но беспредметно е да се зборува кој работел на консолидација на внатрешните односи помеѓу заедниците, и надворешните со соседите. Треба да биде јасно како бел ден, иако СДСМ имаат впечаток дека народот е група гуски во магла, дека договорот со Бугарија почива врз принципите од Декларацијата која со источниот сосед ја потпиша ВМРО-ДПМНЕ. Единственото барање кое ВМРО не можеше да го прифати од Бугарите беше барањето за бришењето и фабрикувањето на непостоечка историја. Заев тоа го прифати и потпиша договор – „просто ко пасуљ“ што би рекол самиот тој.

И оттука терминот „лажен патриотизам“ станува единствено апликативен само кога се зборува за потезите на Заев и СДСМ. И толку.

Џабе се спиновите дека Мицкоски „го прифатил договорот“. Каде го прифатил? Кога? Како? – Единствено што кажа шефот на ВМРО-ДПМНЕ беше дека „поддржваме се што е од корист за двете држави“. Тоа не е став на партијата од завчера. Тоа е ставот на ВМРО-ДПМНЕ во последните 30 години. Така и ја донесоа Декларацијата во која главно се зборува за економска соработка и подобрување на животниот стандард на граѓаните во двете земји. Од декларација до договор не дојде во времето на ВМРО-ДПМНЕ, само затоа што овие не ги прифаќаа барањата на Бугарите за промена на историјата. Толку.

Но јасно е од каде доаѓа оваа лавина на лажни вести продуцирани во фабриките на СДСМ и провладините апологети. Демек, еве го начекавме Мицко. Смешно. Јалови обиди да се одвчече вниманието од „Рекет“ во кој се вмешани токму тие.

Барем на мене ми се смешни, најверојатно бидејќи знам што сакаат да сокријат.

Еве како на пример, нека кажат каква циркуларна порака пуштила Катица Јанева преку „Вибер“ кај обвинителите од СЈО неколку дена пред да се гласаат Уставните измени во Собранието со кои се промени државното име, а каква порака испратила по гласањето на уставните измени?

Или, нека ни каже Зоран Заев дали можеби тој е споменат во исказ на Катица Јанева пред Вилма Русковска. Исказ за кој Јанева се жалела кај Јовевски дека Русковска го сокрила. Или пак, нека ни соопшти „патриотот“ што не е лажен, дали можеби Катица Јанева подготвувала истрага против него?

Ќе ни каже? Тој или СДСМ, сеедно. Да видиме баш кој е, а кој не „лажен патриот“.

Ова другиве приказни ви се џабе. Забава за во штаб. Толку.

А.Митовски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This