ГРУЕВСКИ ДИСКРИМИНИРАН ОД КАЦАРСКА ПОРАДИ ЛИЧЕН И ОПШТЕСТВЕН СТАТУС: Основниот Суд Скопје 1 Скопје не ги обезбедил потребните критериуми за правично судење!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Комисијата за заштита од дискриминација заклучи дека судијката Добрила Кацарска го дискриминирала екс премиерот Никола Груевски според член 6 став 1, а врз основа на личен и општествен статус како поранешен Претседател на Влада на Република Македонија и поранешен Претседател на политичка партија од член 3 во областа на правосудството и управа со член 4 од Законот за спречување и заштита од дискриминација.


Имено од Комисијата порачуваат дека Кацарска и Основниот Суд Скопје 1 Скопје го поставиле во неповолна положба Груевски со необезбедување на потребните критериуми за правично судење.

-Се утврдува директна дискриминација врз Никола Груевски од член 6 став 1, а врз основа на личен и општествен статус како поранешен Претседател на Влада на Република Македонија и поранешен Претседател на политичка партија од член 3 во областа на правосудството и управа со член 4 од Законот за спречување и заштита од дискриминација, што како последица имало одземање односно нарушување и ограничување на еднакво признавање на правото на правично судење како основно човеково право од страна на судијата Добрила Кацарска од Основен Суд Скопје 1 Скопје.
Се утврдува директна дискриминација врз Никола Груевски од член 6 став 1 врз основа на личен и општествен статус од член 3 од Законот за спречување и заштита од дискриминација поради поставување во неповолна положба со необезбедување на потребните критериуми за правично судење од страна на Основен Суд Скопје 1 Скопје, се вели во мислењето на Комисијата за заштита од дискриминација.

Имено според Комисијата неговите адвокати немале доволни време, ниту психички ниту физички да се подготват од едно до друго судење. На Груевски му биле ограничени фундаменталните аспекти од неговата одбрана како што се организирање на одбраната, собирање на докази што одат во негова корист, подготовка на прашања и др.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This