March 29, 2024, 12:26 am

ГРУЕВСКИ ЗА ТВ НОВА: Германската инвестиција ќе рестартира затворена фабрика во транзицијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Германската компанија „СТС Текстајлс“ влегува во Македонија. Најпрво ќе отвори 50 работни места, а според проекциите на компанијата бројката на нововработени ќе се искачи до 1.000 лица. Инвестицијата од 4 милиони евра, планирано е во наредниве 5 години да достигне до 7 милиони евра, а покрај директните, бројката ќе биде зголемена и со индиректни вработувања.

gruevski2

– Илјада работни места ќе бидат сериозен допринос во намалување на невработеноста во Велес. И тоа се директни вработувања. Покрај директните ќе има и индиректни вработувања што значи дека бројката од 100 ќе биде надмината и ќе даде можност на други локални компании да бидат нивни партнери што ќе овозможи дополнителни работни места. Она што е важно за оваа инвестиција е прво дека отвора нови директни 100 вработувања и плус индиректни, но второ дека рестартира една пропадната затворена во времето на транзицијата фабрика „ Нонча Камишева“ која што беше останата само во сеќавањата на велешани, како успешна во еден период во минатото, а подоцна во текот на транзицијата пропадната, разграбена и затворена. Така што еден затворен капацитет, кој беше заборавен во времето се рестартира и ќе биде овозможено повторно производство во него, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Тој додаде дека значајно е и тоа дека сопственикот на компанијата денеска ми кажа дека планира по реализацијата на оваа инвестиција во Велес, во период од година до две, во кој што очекува да се разрешат некои имотно правни проблеми во Демир Хисар, да отвори производство и таму, кое што исто така ќе биде значајно за луѓето кои што живеат во Демир Хисар.

-На овој начин добиваме една иновативна компанија, една од 10-те најиновативни компании во Германија, официјално прогласени минатата година, која што со одредена иновација прави производ кој што ќе биде многу интересен и за европскиот и за светскиот пазар. Ќе извезуваат во поголем број на држави, фабриката е одржлива, има силен и иновативен производ кој долг период ќе биде баран на пазарите. Тоа значи дека сите што ќе се вработат таму ќе имаат една извесност и сигурна иднина. Она што исто така е многу важно е што стартуваат со производство за две недели, веќе ги ангажирале првите вработени и полека ќе се зголемува бројот на вработени, заклучи Груевски.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This