March 28, 2024, 10:47 am

ГРУЕВСКИ: Намалување на сиромаштијата за три четвртини и преполовување на невработеноста кај младите луѓе!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со „Новата Ера“ во Македонија се предвидува ново утро кое доаѓа после ова помрачување се предвидува намалување на сиромаштијата во ¾ во новата декада, се предвидува исто така преполовување на невработеноста кај младите луѓе, ова вечерва од митингот во Бутел го потенцираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

-Сите знаеме дека СДСМ на минатите избори на младите им ветуваа дека ќе воведат некаков проект наречен „младинска гаранција“ која ќе ги вработува младите после шест месеци и дека секој млад човек после шест месеци ќе биде повикан од Владата и ќе му биде доделено работно место, а сега веќе почнаа тоа да го забораваат и дека наместо тоа сега ќе давале пракса на волонтесркса основа да стекнат некаква пракса. Ова е само една од многуте измами на СДСМ како и што сега на овие избори ќе одат со лажни ветувања и измами со цел да го измамат народот, ама народот не се мами со тоа. Со новата ера предвидуваме и зголемување на квалитетот во основното и средното образование со што Македонија ќе влезе во првата половина на земји од листата на Пиза и сега таму котираме два блока на половина, додека ќе се залагаме и еден универзитет да влезе во првите 200 рангирани според Шангајската листа на универзитети. Македонија во моментов увезува најмалку 30/40 проценти струја затоа што немаме доволно изградено електрични капацитети, а до крајот на новата декада се предвидува нето увозникот да се претвори во нето извозник и така за сите сфери и области предвидуваме концепт за сериозен развој, вели Груевски.

Тој додаде дека многу луѓе и време е потрошено за реализирање на овие проекти, а оваа власт е поставена на погрешни основи и се занимава со маргинални работи и со работи кои што ништо добро не му носат на народот.

-Во оваа кампања влегоа и со голем број на ослободување на криминалци гледајќи дека овие избори ќе ги изгубат и преку ослободувањето преку тие криминалци ќе им ја донесат победата, а не се свесни дека тоа само ќе ги закопа и побројно да излезе на 15 октомври и референдумски да гласа за ВМРО-ДПМНЕ и против СДСМ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This