ГРУЕВСКИ НА СРЕДБА СО РУСКИОТ АМБАСАДОР: Амбасадорот на Руската Федерација разговараше за политичката ситуација со Груевски!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски придружуван од партискиот секретар за меѓународна соработка Александар Николоски на барање на амбасадорот на Руската Федерација, НЕ г. Олег Шчербак остварија средба

intervju_ambasador2

На средбата се дискутираше за актуелната политичка ситуација во Македонија и Русија.

Околу актуелните предизвици за формирање владина коалиција Груевски истакна дека по несоставувањето Влада и истекот на мандатот од 20 дена, се создаде зрела ситуација за нови предвремени избори со цел завршување на политичката криза. Очигледно е дека некои од партиите во Македонија покажаа страв од организирање на нови избори и повторно соочување со граѓаните, но ВМРО-ДПМНЕ како победничка партија на претходните избори смета дека распоредот на силите во парламентот кој очигледно нема да овозможи услови за непречена реализација на било чија програма и што побрзото излегување од кризата се причина за што поитни нови предвремени избори.

Разговарајќи за текот и настаните кои ја одбележаа политичката криза, амбасадорот се осврна на Шарената Револуција истакнувајќи ја штетата која истата ја предизвика на економски план внесувајќи нестабилност и неизвесност во државата, а со тоа и влијаејќи негативно на интересот на заинтересираните инвеститори. Потенцираше дека секаде каде се организирани обоени револуции страда социо-економската благосостојба на граѓаните.

Покрај ова се разговараше и за глобалната економија како и за економските состојби во Македонија и Русија.

14 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This