March 29, 2024, 12:02 pm

ГРУЕВСКИ: Ние ја нудиме „новата ера“ на 150.000 нови работни места и стапка на невработеност под 10 проценти во наредната декада!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На централниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва во Велес, се обрати и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Тој кажа дека тие ја нудат новата ера, новата еран во која нема да има неасфалтирана и неосветлена улица, нова ера каде ќе има парк во секое маало.

-Нова ера за 150 илјади нови работни места во Република Македонија, до крајот на декада на и спуштање на невработеноста под 10 проценти. Тоа го ветува ВМРО-ДПМНЕ, оние кои затекваме 560 илјади вработени се на се во 2006 година, кога заминавме во мај оставивме 733.000 вработени, за 173 илјади повеќе. Тоа е ВМРО, тоа е оваа коалиција. Можат да не навредуваат, да фрлаат со кал по нас, но фактите се факти, броките се бројки, луѓето се луѓе, работните места се работни места, тоа не можат да го избришат. Ако успеавме да ја смалиме невработеноста од безмалку 40 проценти на 22.5 колку што е сега, бидете сигурни дека ќе успееме да ја намалиме под 10 проценти до крајот на декадата, изјави Груевски.

Тој најави и нова ера на 2.5 пати повисок приход по жите, односно од 5 на 12 илјади долари просечно по глава на жител, што ќе значи 2.5 пати побогати граѓани.

-Нова ера на најниски даноци. Поголеми плати, пензии субвенции. Нова ера во која учениците од прво до петто ќе имаат бесплатен здрав оброк на училиштата, со што ќе обезбедиме прво здрава храна за учениците, а потоа и заштеди за родителите, изјави Груевски.

Тој во Велес ги претстави и новите проекти на ВМРО-ДПМНЕ.

 Проект: Стекнување на сопствен дом

Тој кажа дека овој проект е значаен посебно за младите семејства кои сакаат да стекнат сопствен дом. Со овој проект, ќе се овозможи семејствата кои немаат сопствен дом, да можат да дојдат до сопствен дом со многу пониски трошоци.

Проектот ќе опфати:

Обезбедување на локации и земјиште за изградба на нови куќи од страна на општината. Земјиштето ќе биде поделено на парцели и понудено за купување на аукција по симболична почетна цена од само 1 евро по квадратен метар. Општината ќе ги укине или намали трошоците за граѓаните за комуналии, на следниов начин:

– семејства со приход до 1 просечна нето плата во РМ (во моментов изнесува 22.670 денари месечно) – 100% или целосно ослободување од комуналии. За оваа категорија на граѓани земјиштето ќе биде дадено бесплатно.

– семејства со приход од 1 до 2 просечни нето плати (од 22.670 до 45.340 денари месечно) – 75% ослободување од комуналии

– семејства со приход меѓу 2 и 3 просечни нето плати (од 45.340 до 68.010 денари месечно) – 50% ослободување од комуналии и

– семејства со приход од 3 до 5 просечни нето плати (од 68.010 до 113.350 денари месечно) – 25% ослободување од комуналии

-Втората компонента на овој Проект се однесува за надградба на постоечки куќи. Предвидуваме ослободувањето или намалувањето на комуналии да може да се користи и во овој случај, доколку некое семејство сака да изврши надградба на кат на постоечка куќа. Процентите на намалување на комуналиите се идентични како при изградба на нова куќа, кажа Груевски.

Отпис на долгови за социјално загрозени семејства

Тој најави дека новата ера ќе донесе отпис на долговите за социјално загрозените семејства

Приматели на социјална ипостојана парична помош (околу 35.000 лица).Семејства кои што се приматели на посебен додаток, односно имаат лица со пречки во развојот (околу 8.000 лица) Семејства коишто се во потешка материјална состојба, односно имаат приходи помали од просечната плата во Република Македонија. Овој проект произлезе од нашите средби што ги имавме со лицата од социјално загрозени семејства и честите барања за ослободување од плаќање на сметки за вода и комуналии. Со оваа мерка ќе се избегнат и утужувањата и трошоците за извршители за сите лица и семејства опфатени со овој Проект.

Отписот на долгови за вода и комуналии ќе биде донесен како мерка на првата седница на новиот Совет на Општините и ќе стапи во сила веднаш, односно од ноември 2017 година!

 -Бидете сигурни. Владата е во голема паника. Тие се во паника затоа што вие забележавте дека овие луѓе не можат да постигнат ништо во текот на своето владеење. Мислеа  или се надеваа дека не можете тоа да го видите и разберете, но не само што останува забележано туку и се чуствува секојдневно кај сите. Овие луѓе од власта се неспособни. Тие се неспособни. Тие се практиканти без искуство и капацитет. Тие не знаат економија, не знаат инвестиции, работа во локална самоуправа, изјави Груевски.

Тој кажа дек тие се толку вознемирени и немаат конкретна идеја што да нарават во врска со тоа

-Тие оставија сè друго настрана и само фрлаат кал врз мене. Тие велат: “ние самите не можеме да сториме ништо, барем да го деградираме Груевски и да го обесхрабриме ВМРО”. Не си го трошете време, тоа нема никаква смисла. Ние сме горд глас на оваа нација, ние сме независен глас на Македонија. Ние сме Македонија. Нашето разбирање на работите е дека луѓето се на прво место. Наша цел е да го зголемиме квалитетот на животот и животниот стандард на нашите граѓани. Колку и да тврдиме дека сакаме победа на локалните избори, ние пред се сакаме да ги освоиме срцата на луѓето и да им помогнеме, сакаме да ги допреме нивните живот, изјави Груевски.

Тој напомена дека работеле за да се осигураат дека секој граѓанин добива добра услуга, добри проекти и решенија за своето место.

-Нашата цел е да обезбедиме решенија за секој граѓанин на нашата држава, за да ги достигне стандардите на граѓаните од развиените земји во светот, нашите деца да добијат подобро образование, за нашите млади да имаат повеќе работни места, за нашите работници да имаат повеќе приходи, за нашите пензионери да добијат повисоки пензии, подобри социјални и здравствени услуги. Ние не бараме само победа на претстојните избори, ние размислуваме, им даваме приоритет на утрешните генерации. Ние размислуваме 10 години нанапред. Размислуваме 20 години нанапред. Ние имаме соништа, имаме визија, имаме храброст, љубов и вера и имаме одлучност.  Тоа е нашата главна разлика и квалитет од другите, порача Груевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This