ГРУЕВСКИ ПО ПОСЕТАТА НА ОПШТИНА БИТОЛА:Сите проекти одлично се реализираат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во придружба на градоначалникот на општина Битола Владимир Талески, денеска посети дел од инфраструктурните проекти што ги реализира локалната самоуправа – некои самостојно, а дел почнати со поддршка на Владата раководена од неговата партија.

– Сите проекти одлично се реализираат. Го посетив основното училиште „Елпида Караманди“ каде по 37 години се врши сериозно реновирање на училишната спортска сала, потоа ја посетив и видов реновираната спортска сала „Младост“ која, исто така, беше дел од програмата на ВМРО-ДПМНЕ. За време на посетата на Битола ја погледнав поранешната касарна во која општината вложила околу 3,5 милиони евра за изградба на нова населба. Се гради инфраструктурата за да може да градат инвеститорите, се градат куќи, игралишта и други објекти во еден од најголемите проекти за Битола, посочи Груевски.

Битолскиот градоначалник Талески го презентираше и проектот „Кино Манаки“ на Широк Сокак кој, како што рече, ќе биде со капацитет за 120 посетители и со современа техника.

– Проектот „Кино Манаки“ градежно е завршен и сега следува фаза за ентериерот. Овој проект, кој не надминува повеќе од 700.000 евра, ќе биде дополнување на културниот живот на Битола и ќе даде можност за време на фестивалот „Браќа Манаки“ да се има современ простор за филмски проекции, истакна Груевски при посетата на киното во градба „Манаки“.

Груевски Битола 1

На прес-конференцијата во Битола претседателот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека од својот домаќин Талески бил информиран за успешниот развој на индустриската зона „Жабени“, за динамиката на изградба на фудбалскиот стадион „Под Тумбе Кафе“, како и за други проекти што ги реализира локалната самоуправа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This