ГРУПНА ТУЖБА ПРОТИВ ПРАТЕНИЦИТЕ: Не може 80 луѓе да поништат волја на народ изразена на референдумот на 30. септември!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Браво за професорката Каракамишева“ – рече граѓанскиот активист, аналитичар и екс-јавен обвинител Сотир Костов, на пршањето да ја искоментира иницијативата на професорката по Уставно право за групна тужба против власта, поточно 80-те пратеници кои се обидуваат да го променат уставното име на државата

 

„Не може 80 луѓе да се соберат и да поништат волја на народот изразена на референдумот на 30.септември кога не донесоа одлука за промена на Уставот. Ова е политички варваризам, ова уставно насилие.“ – рече Костов во изјава за „Инфомакс“, појаснувајќи дека иницијативата е одлична, а сега на нив граѓанските активисти следува да ги соберат потписите за поднесување на групната тужба против власта.

„Тоа се 80, од кои јас ги делам 72+8. Овие осумте се уцeнeти и пpиcилeни, ама изгледа им е сега убаво. За нив се менува устав, за нив се менува Kpивичeн законик и за нив се цртаат кpивчни дела“ – констатираше Костов.

https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/339175226810583/

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This