ГУАИДО БИЛ НА БАЦИ РАКА: Во Декември го посетил Вашингтон

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Самопрогласениот претседател на Венецуела, Хуан Гуаидо го посетил Вашингтон во декември, каде се сретнал со претставници на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. Тоа бил негов прв контакт со Белата куќа, објави шпанската новинска агенција „ЕФЕ“, повикувајќи се на неименуван функционер на Белата куќа. Еден месец подоцна, 35-годишниот Гуаидо, се прогласи за привремен претседател на државата, најавувајќи распишување на претседателски избори. „Претставници на американската администрација разговарале со Гуаидо во неколку наврати, исто така и за време на неговата посета на Вашингтон во декември“ рекол претставник на Белата куќа за „ЕФЕ“.

Портпаролот одбил да каже со кои точно лица се сретнал Гуаидо, само рекол дека тој лично се сретнал со тие претставници. Портпаролката на републиканскиот сенатор Марк Руби, влијателен посредник во американската политика во Латинска Америка, на прашањето дали Гуаидо се сретнал со Руби во декември, таа негирала. Америка не е единствената земја која Гуаидо ја посетил. Медиумите претходно пренесоа дека тој во декември бил и во Бразил и во Колумбија, чии влади исто така бараат заминување на Николас Мадуро. Тие посети наводно се случиле пред Мадуро да го преземе вториот претседателски мандат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This