Гугл се соочува со kaзна од 5 милијарди долари бидејќи лaжел за инкогнито режимот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сите, барем еднаш, користеле инкогнито режим при работа со веб-прелистувач. Меѓутоа, ако „сурфате“ на Интернет анонимно, тоа не значи дека вашите активности се целосно скриени.

На пример, ако користите Google Chrome за „инкогнито“ прелистување на Интернет, ќе видите известување дека историјата на прелистување, колачињата, обрасците и податоците за веб-страниците што сте ги посетиле – не се зачувани.

Сепак, сите овие информации се уште можат да бидат видливи за вашиот провајдер.

Многумина не знаеја дека „приватно“ и не е целосно приватно, па затоа, верувајќи дека Google ги измамил, решиле да покренат тужба против оваа компанија. Уште минатата година, Google побара американски суд да ги отфрли ваквите обвинувања, тврдејќи дека корисниците се согласиле на условите што биле јасно објаснети.

Неодамна имаше нов заговор, кога судијката Луси Кох ја одби жалбата на Google, што воедно значи и зелено светло за покренување судска постапка, пренесува порталот „Зимо“. Доколку пресудата не е поволна за гигантот, им се заканува казна од најмалку 5 милијарди долари.

Според тужбата, доколку корисниците биле свесни што всушност претставува „инкогнито режим“, многу од нив не би посетиле некои веб-страници.

Како одговор на одбиената жалба, Google одговори дека „остро ќе се брани“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This