Во лабораторија во Велика Британија е прекинато тестирање на коронавирусот откако се појавил сомнеж дека 43.000 луѓе можеби добиле неточни резултати од теститањето.
Поведена е истрага откако се појавиле информации за луѓе кои во лабораторијата во Волверхамптон добиле негативни резултати од ПЦР тестот, а претходно биле позитивни на апаратот на кој се спроведува тестирањето.
Процените се дека во таа лабораторија се направени 400.000 тестирања и дека околу 43.000 луѓе од 8 септември до 12 октомври добиле неточни резултати.
– Како резултат на нашата истрага, работиме со фирмата на утврдување на техничките проблеми во лабораторијата кои доведоа до тоа на луѓето да им се даваат негативни резултати од ПЦР тестовите – вели Вил Валфаре од британската Агенција за здравствена безбедност.
Од клиниката во чија лабораторија се откриени погрешните резултати велат дека целосно соработуваат со Агенцијата.