March 29, 2024, 12:18 pm

Гomнapи, овци, оставете ја моjата фамилија на мира

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во последното интервју кое го даде за „Газета дело Спорт“, предводникот на Болоња, Синиша Михајловиќ, жестоко удри по сите тие кои го обвинија дека не ги почитувал строгите мераки за време на неговиот одмор и така се заразил со смртоносниот вирус Ковид-19. Српскиот стручњак беше обвинет дека не бил внимателен и дека ги заразил своите најблиски.

Како и што се очекуваше, Михајловиќ во свој стил изјави дека Короната за него е детска игра, затоа што пред неколку месеци ја добил битката со леукемијата.

Енѕо Ферари има изјавно дека Италијанците можат се да ти простат освен успехот. Јас ќе додадам дека не можат да ти простат и ако си среќен. Има многу љубомора и безобразно однесување околу нас. Како го викаа тие луѓе на друштвените мрежи? Хејтери? Јас тој термин ќе го преведам и ќе ги наречам гомнари!, изјави Михајловиќ.
Поранешниот предводник на Милан потврди дека се однесувал максимално одговорно за време на својот засужен одмор.

Бев на одмор во Сардинија, како и секое лето. Таму веќе 20 години има куќа. На островот, во тоа време, немаше никаков вирус, немаше нити еден заразен. Два месеци ја немав видено мојата фамилија, дојдов и веднаш ги гушнав. Ги почитував сите мерки на сигурност, носев маска кога бев во продавница или во некој ресторан. Немав маска само кога седев на масата, како да јадам? Многу малку ја посетував плажата или бродот, додаде Михајловиќ.
На крајот од интервјуто Михајловиќ испрати јасна порака до сите тие кои го напаѓа него и неговата фамилија преку друштвените мрежи.

Сите ми судат, а мал број од нив имаат право на тоа. Целата моја фамилија се тестираше кога се вративме од Сардинија. Други покажуваат со прст кон мене, а не направиле никаков тест. Можеби се позитивни, а не знаат. Јас се тестирав, бев позитивен и затоа бев во карантин каде ја прележав болеста. Немам намера да им давам некакви одговори на тие овци. Тие се за мене гомнари. Веднаш да ја оставите мојата фамилија на мира. За среќа, јас немам никаков профил на друштвените мрежи, но нема да дозволам некој да ме напаѓа мене и мојата фамилија, а јас да не му одговорам, заврши Михајловиќ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This