March 28, 2024, 11:22 pm

ДАВИТКОВСКИ: Со партиска книшка се вработуваат за да не работат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Недостиг од xраброст за промени, но и следењето на партиските, а не на државните интереси се главна причина за спорото спроведување на реформите, заклучија десетина експерти од различни области правејќи пресек на реформите во судството, јавната администрација, безбедносните служби и СЈО, на панел дискусијата „Дали имаме реформи и зошто не“ што се одржа денеска во Скопје, пренесе 1ТВ.


– Отпуштањето на луѓето вработени со помош на роднини, функционери не е реформа, како ни вработувањето во приватен сектор на 1 600 административци кои сега земаат плата, а ништо не работат. – оцени универзитетскиот професор Борче Давитковски.

Според професорката Мирјана Најчевска донесувањето на било кој законот кој што секоја Влада го најавува и доживува како реформа не е крај, туку почеток на приказната за реформи. Таа остpо ги критикуваше Советите за реформи во правосудството и реформи во администрацијата.

За разлика од сите други, деканот на факултетот за безбедност, професорот Никола Дујовски е задоволен од реформите во безбедносниот сектор и за него не е спорно тоа што новата разузнавачка агенција ОТА ќе биде под директна надлежност на владата и што нејзиниот претседател ќе го назначува премиерот. Со ова не се согласува професорот Гордан Калајџиев.

Професорот Денис Прешова упати јавна критика на сметка на работата на судиите и како што рече, судскиот менталитет кој не’ кочи сите нас.

Панел дискусијата беше организирана од Асоцијацијата за граѓанска толеранција и соработка од Прилеп.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This