ДАЛИ ЕВН ГИ УЦEHУВА БИЗНИСМЕНИТЕ: Австријците избрани за универзален снабдувач на струја – гaceлe струја на бизниси и покрај подмирени сметки?!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според информациите до кои стигна Инфомакс, ЕВН денес оставила без струја неколку индустриски објекти иако им биле редовно подмирувани долговите и редовно плаќании сметките. Тие ги терале сопствениците да се „ажурираат“ во системот, иако повеќето немале никакви промени во основните податоци (адреса, број инт инт). Ова ажурирање, се сомневаат бизнисмените е се со цел да се обврзат без нивно знаење на договор за снабдување со ЕВН и на тој начин да бидат спречени да купуваат струја на слободен пазар.

Токму денес ЕВН е избран за универзален снабдувач со струја на домаќинствата. Разликата е тоа што од сега домиќинствата ќе бидат заштитени од ценовни шoкoви, тврди вицепремиерот Анѓушев. ЕВН Македонија понуди најниска маржа од 11,5 отсто. Тој е обврзан со оваа маржа да си ги покрие сите давачки што значи дека ќе мора да ги намаи трошоците ако сака да има поголем профит.

За граѓаните нема ништо да се промени во процедурата за добивање струја. Тие нема да имаат потреба да потпишуваат нови договори со компанијата.

Кон средината на месецов земјава доби критика од Секретаријатот на Енергетска заедница дека доцни со изборот на универзалниот снабдувач и воопшто со либелизацијата на пазарот.

-Балансирањето на пазарот на електрична енергија за жал се уште не е регулирано, во законот се предвидени правила до 1 јануари годинава, но тоа не се случи. Регулаторната комиисја за енергетика се уште е во процес на консултации, но важно е овој процес да се финализира до првата половина на годинава, рече директорот на Секретаријатот Енергетската заедница, Јанез Копач.

Од либерализацијата најголем ќар ќе имаат помалите компании, кои на слободниот пазар ќе можат да купуваат поевтина енергија за 20 до 30 отсто. Анѓушев предупреди дека на граѓаните во моментов не им се исплати да излезат на слободниот пазар.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This