ДАЛИ НЕКОЈ Е НАД ЗАКОНИТЕ : Рашковски и во Струмица повторно без маска на лицето!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Анонимни читатели денеска ни испратија неколку фотографии на кои се гледа дека генералниот секретар на владата Драги Рашковски е повторно без маска на лицето.

Генералниот секретар на владата повеќе од очигледно е дека не ги почитува и најгрубо на очиглед на сите ги прекршува одлуките и законите донесени од истата таа влада во која тој е генерален секретар.

Ова не е првпат Рашковски да бидат фатен во јавноста без маска на лицето. Пред извесно време во јавноста се појавија слики на кои јасно се гледаше дека Драги Рашковски во објект во Скопје не носи маска на лицето и исто како и денеска, ги зачуди граѓаните со неговиот однос прекршувајќи ги правилата.

После ова се поставува прашањето колку функционерите од оваа власт ги почитуваат правилата кои сами ги донесоа, а се во насока на заштита на здравјето на граѓаните. Дали функционерите на власта кои деновиве постојано ги гледаме меѓу граѓаѓаните како делат флаери, пакети и што ли уште не, ги носат маските само за сликање, а всушност во реалноста го прават сосем спротивното, а со тоа ставајќи ги во опасност граѓаните со кои контактираат.

Инаку, Драги Рашковски денеска е фотографиран пред добро познатиот струмички трговски центар „Глобал“, објект за кој неговиот шеф Зоран Заев беше амнестиран од бившиот претседател на државата Бранко Црвенковски за криминал од осум милиони евра.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This