ДАЛИ СМЕ НА ПРАГОТ НА ИЗБОРНА KPAЖБА НА ВЕКОТ: Партиите добиле повеќе гласови отколку што има важечки гласачки ливчиња!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дали Република Македонија се соочува со изборна кражба на векот, официјалните бројки на ДИК не се совпаѓаат со реалноста?! Имено на вчерашната прес-конференцијата на Државната изборна комисија беа соопштени како што изјави претседателот Оливер Дерковски „конечните неофицијални“ резултати од гласањето кое што се одржи на 15-ти месецов, но математиката на ДИК не соодветствува на реалноста.

На прес конференцијата Дерковски првото нешто кое го соопшти е бројот на гласачи кои биле запишани во избирачкиот список кои според Дерковски изнесува 1.814.236 и соодветно на тоа треба да биде испечатен толкав број на гласачки ливчиња и токму тука „лежи зајакот“.

2 илјади гласачки ливчиња испариле во воздух!

Првата нелогичност во официјалните податоци кои ги соопшти Државната изборна комисија е во бројот на неупотребени гласачки ливчиња и оние кои биле искористени за гласање од граѓаните.

Според Дерковски на 15 јули гласале 942.334 граѓани, а 869.889 ливчиња останале неискористени. Доколку се соберат овие две бројки по секоја логика треба да го добиеме бројот на запишани гласачи во избирачкиот список, но тоа не е случај. Збирот на овие два статистички податоци е за 2.013 гласачки ливчиња помал од бројот на запишани гласачи во избирачкиот список односно 1.812.223 гласачи наместо 1.814.236 како што официјално соопшти Дерковски.

Партиите добиле повеќе гласови отколку што има важечки гласачки ливчиња

Втората нелогичност во официјалните податоци кои што ги соопшти Дерковски е во бројот на важечки гласачки ливчиња. Според ДИК бројката на важечки гласачки ливчиња изнесува 910.868 гласови, но доколку се собере вкупната бројка на гласови кои поединечно ги добиле политичките партии, истата не соодветствува со бројката која ја посочи Дерковски.

Наместо 910.868, збирот на гласови добиени од страна на сите политички партии поединечно изнесува 911,755 илјади гласови што е за 887 гласа повеќе од оние кои што официјално ги соопшти Дерковски на почетокот од својата пресконференција.

https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/272687050682096

Вработен информатичар во ДИК го демантира Дерковски дека не била хакирана апликацијата во која се внесуваат податоците

Она што исто така фрла сомнеж на официјалните резултати е фактот што на прашање на Инфомакс дали бил хакиран само веб сајтот на институцијата или и апликацијата во која што се внесуваат резултатите од гласањето, Дерковски одговори дека е хакирана само веб страницата, но попладнево еден од неговите колеги го демнатираше Дерковски.

Во ДИК не се сигурни дали имале или немале проблем со апликацијата која покажуваше чудни резултати на денот на изборите и повлече лавина од реакции.

Интернет страницата на Државната изборна комисија беше мета на DDoS напад на изборната вечер, односно сообраќајот беше задушен за граѓаните да не може да ја отворат страницата на која се објавуваат изборните резултати, но немаше упад во нашиот систем, вели раководителот на Секторот за информатичка технологија во ДИК, Владо Васиљевски за Радио Слободна Европа.

-Во прво време не бевме сигурни дали имаме некаков напад или имаме проблем со апликација. Кога заврши нападот, нашето загушување, заклучивме дека имаме некаков проблем со апликацијата, што беше изразено за нас, иако тоа се негира од страна на изведувачот на апликацијата, за сабајлево да се утврди дека пак има нешто на сајтот, а на прашањето дали правеле нешто, ми одговорија не, а ние имаме доказ дека во 7:28 утринава аплоудирале некоја нова верзија, и сега не знам што да ви кажам, вели Васиљевски.

Ден пред ДУНА да го добие тендерот за софтверот, сопственикот на фирмата се сретнува со Манчевски

Само недела дена пред изборите министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски е во посета на компанијата која го поседуваше годинава софтверот каде се внесуваа резултатите „Дуна“. Причината за посетата на Манчевски наводно е тоа што домашните компаниии Дуна и Грин ИТ подготвиле некакви си технолошки решенија кои би можеле да најдат практична примена во справување со последиците од кризата со КОВИД-19 и во јавниот и во приватниот сектор. Од средбата на интеренет може да се видат и фотографии.

Спорна е и постапката за набавка на софтвер за веб сајт на Државната изборна комисија која завршила на 8 јули 2020 само недела дена пред изборите, кога била одбиена жалбата на „Ај Воут“, фирмата која што без никакви проблеми со години го одржуваше сајтот на ДИК  поточно од 2006 година, односно од формирањето на ДИК како постојано тело.

Набавката на софтверот е спроведена  без објавување на оглас на преговори во 4 очи, а како најповолен понудувач била избрана фирмата „Дуна“. Двете компании биле поканети на преговори од ДИК на 19 јуни 2020 неполн месец пред изборите, а фирмите веќе наредниот ден ги доставиле понудите до ДИК. Одлуката за избор на „Дуна“ е донесена 3 дена подоцна на 22 јуни 2020. Уште истиот ден, компанијата „Ај Воут“ поднела жалба, која што е одбиена од Државната комисија за жалби по јавни набавки како неоснована на 8 јули 2020 само недела дена пред изборите.

Бирото за јавни набавки (БЈН) одговорило негативно на барањето на Државната изборна комисија (ДИК) да набави софтвер за веб сајтот со преговори без објавување оглас, но и покрај тоа ДИК ја спровело набавката на тој начин.

Несоодветствувањето на официјалните податоци на ДИК укажува на можни малверзации со волјата на гласачите што пак значи дека единствен начин на кој што може да се врати кредибилитето во овој изборен процес е преку рачно пребројување на гласовите на граѓаните и на ниту еден друг начин.

Пишува: Милош Милошевски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This