Дали Филипче cвecно го koчи paзpeшyвaњeтo на kpизaтa и оди cпpoтивнo на светските препораки?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Едно од најугледните медицински списанија во свеотот, „Лансет“ денес објави сторија во врска со важноста за спроведување на масовно тестирање преку т.н. брзи тестови, односно тестови кои се базираат на вирусните антитела во човековиот организам.

 

Според „Лансет“, важноста на овие тестови е исклучителна, и се гледа како единствена можност светот што побрзо да излезе од оваа пандемија на КОВИД-19, имајќи во предвид дека 3 милијарди луѓе во моментов се во карантин, а најголем дел од нив без никаква потреба.

– Како одговор на ширењето на коронавирусот, владите во светот наметнаа правила кои ги задушуваат личните слободи и ги успоруваат економиите, ставајќи притоа во карантин 3 милијарди луѓе. Некои веќе спроведуваат масовно тестирање, додека други влади пак ги лимитираат тестирањата на оние кои се хоспитализирани, барем во првите фази на хоспитализација. Како што новите контроли почнуваат да се покажуваат важни, трката за развивање на тест за имунитетен одговор на коронавирусот се загрева. Медицинските компании веќе почнуваат да се организираат за масовно производство, а владите веќе нарачуваат милионски количини од овие тестови, пишува „Лансет.

Во меѓувреме, министерот за здравство Венко Филипче како организатор на кризниот штаб за борба против коронавирусот при Владата на Р.Македонија, упорно ја убедува јавноста дека широкото тестирање, или т.н. скрининг на популацијата со цел откривање на можни жариште кои потоа детално би се тестирале со ПЦР тестови, не убедува дека нема потреба од такви тестирања. Во овој момент, Македонија се справува со пандемија потпирајќи се на индивидуалната одговорност на луѓето, кои можат но и не мора да се пријават за тестирање ако чувствуваат некакви симптоми ставајќи ги притоа во опасност нивните најблиски и опкружувањето.

– Задачата со која сега се соочуваат владите и националните регулатори е да се балансира ургентноста наспроти секојдневната сензитивност, и да се специфицираат недоследностите на новите медицински дијагностики. Неколку технички прашања се уште постојат околу оптимизацијата на дизајнот на тестовите, а примарно се во врска со разбирањето како виралниот брис потегнува имунитетен одговор при неутрализацијата на вирусот. Сепак, постои итност во ситуацијата бидејќи владите се обидуваат да ја лимитираат економската штета, да ги вратат луѓето на работа и да се отворат границите – оние чиј имун систем ќе се покаже како доволен за да се спротивстави треба да се врати на работа, без ризик. Некои регулатори како Американската федерална агенција за храна и лекови, веќе одбраа да ги релаксираат оценките за критериумите за тоа кој е, а кој не е во ризик – пишува „Лансет“.

Ако се земе во предвид ова објаснување на угледниот медицински магазин „Лансет“, тогаш не можеме а да не помислиме дека енергичното одбивање да се спроведе масовно тестирање, би можело да се должи на неспособнсота на здравствениот систем да се соочи со вистинската бројка на евентуално инфицирани, или пак можеби, комотноста на вонредната ситуација во која се наоѓа владејачката елита со оглед на тоа што масовно тестирање според „Лансет“ но и Американските федерални служби би помогнале кон што побрзо релаксирање на состојбите и укинвуање на рестриктивните мерки.

– Побарувачката никогаш не била поголема. „Веќе сме пребукирани од повици“, вели Дон Ханлон, директор за меѓународна продажба во ЦТК Биотек од Сан Диего, Калифорнија, компанија која развива тестови за антитела. „Барањата доаѓаат од министри за здравство, од разни владини институции, од армиски договорни субјекти, индустриски добавувачи кои работат во оваа сфера“. Под нормални услови, ЦТК Биотек би требало да ги собере сите податоци за Американската федерална агенција за лекови да издаде дозвола, но поради итноста на ситуаицјата дозволата е издадена уште на средината на март, вели Ханлон за „Лансет“.

Како што вели Ханлон, во нарачките ги правеле министри за здравство од различни влади низ светот. Во Македонија, вакви тестови се прават само во „Аџибадем Систина“, а властите се уште немаат соопштено дали и во колкав кванититет имаме тестови на располагање. Ниту еднаш досега, не е споменато колкав број на сетови за тестирање има во државата, освен бројката која ја спомена епидемиологот Драган Данаиловски, која се однесуваше на бројката на тестови која би требало да се спроведе во Македонија – 400.000 тестови најмалку.

Македонија досега има спроведено околу 5.000 тестови.

– Во Европа, Германската компанија „Еуроимун“ неодамна доби цертификат со кој ќе се овозможи оваа компанија да продава тестови во ЕУ. „Сите се полудени во овој момент во смисла на тестот за антитела во насока на што помасовно тестирање особено на медицинскиот персонал во земјите, бидејќи е важно да се знае дали дел од тој персонал веќе го имал вирусот и има создадено антитела“, вели Констанз Стиба, тест менаџер за „Еуроимун“.

Стиба додава дека ако овој тест докаже дека здравствен работник веќе имал КОВИД-19, тогаш тој најверјоатно е имун и може да се врати на работа без страв од инфекција. „Тоа е нешто што лесно може да се направи со детекцијата на антителата, но не и со ПЦР тестовите – вака може да се одржи здравствениот систем стабилен“ – вели Стиба за „Лансет“.

Мора да се посочи дека е поразителен фактот што министер за здравство, кој е најзадолжен за обезбедувањето на функционален здравствен систем, во услови на пандемија се фокусира на прикривање на факти. Таков е и примерот со издавањето забрана за објавување на резултатите од тестовите на „Аџибадем Систина“ која впрочем спроведува вакви тестови кои детектираат антитела. Дополнително, загрижува фактот што со овие тестови, како што пренесува угледниот „Лансет“ се обезбедува и соодветна заштита за медицинскиот персонал и се гарантира функционален здравствен систем бидејќи со овие тестови може со сигурност да се каже дали одреден здравствен работник бил изложен на инфекцијата, и ако бил, дали е имун на нова инфекција со што ќе може да се врати безбедно на работа. На овој начин ќе се стабилизира и здравствениот систем.

Но, во Македонија се властите се обидуваат да менаџираат со кризата на начин на кој ќе се создаваат димни завеси преку гласни пискотници за некакви „лажни вести“ и „лажни тестирања“, додека во светот токму овие вести и овие тестирања се клучни во надминување на пандемијата.

– Тестот за антитела е мултипрактичен; прво се употребува за потврда за тоа дали лековитее, вакцините и други клинички третмани даваат резултат, може да се користи за да се следи контактот и ширењето недели по суспектна инфекција кај индивидуа. Но, најважната употреба на овој тест, en masse (масовно) тестирање, со цел властите да можат да се информриаат за тоа колку асимптоматични случаи се појавуваат во популацијата. Антителата откриваат докази за претходна инфекција во текот на една недела откао инфекцијата се случила. „Во тој момент ние само го проценуваме бројот на луѓе кои можеби се инфицирано. Никој во светот досега не го измерил соодветно се уште“, вели Мартин Хибберд, професор за нови болести при Лондонската школа за хигиена и тропска медицина.

И токму поради ова го пишувам и овој текст. Тестот за детекција на антитела не е важен од аспект на тоа дали 100% ќе се потврди дали некоја индивидуа е заразена или не, туку дали постојат антитела кои укажуваат на асимптоматичен пациент кој потоа би трбеало да биде потврден како позитивен на коронавирусот со помош на ПЦР тестови. На овој начин, државата би имала максимална контрола врз сите жаришта и на тој начин би се избегнале компликации, а рестриктивните мерки би биле значително поефективни, а со самото тоа и драстично пократко би треаеле – секако ако тоа „одговара“ на властите.

– ПЦР тестовите ја детектираат вирусната РНА, индицирајќи на актуелна вирусна инфекција, и се употребуваат за дијагностицирање на КОВИД-19 со што се есенцијален дел на следењето на контактите и тестирањето. Како и да е, постојат глобални предизвици во смисла на набавка на овие тестови како и во смисла на позитивни контроли кои се потребни да гарантираат сигурност во ПЦР машините – пишува „Лансет“.

Еве Филипче, сега бујрум, кажи дека ова се „лажни вести“ и дека не треба да пишуваме вакви тестови кои ја откриваат масовната неспособност за справување со кризата. Неспосбност или пак опортуност, тоа ќе оставиме да го каже времето – но едно е сигурно. Позицијата во која што сте е исклучително моќна и комотна, оттаму, оставате впечаток дека ваква криза можеби и ви одговара – сега откако е јасно дека не сакате да вршите масовно тестирање кое гарантира успешно и брзо надминување на оваа состојба.

Целото истражување на „Лансет“ објавено на 4.април 2020 година, на следниот линк:

https://www.thelancet.com/journals/lancet/article/PIIS0140-6736(20)30788-1/fulltext

А.Митовски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This