ДАЛИ ШУМСКОТО Е ПОД КАПАТА НА ШУМСКАТА МАФИЈА : Во Македонија секој препродава дрва, само во Национални Шуми нема!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јавната група „Шумарство – Република Македонија„ објави писмо во кое пензионер, жител на Република Македонија кој бил редовен купувач на огревно дрво даб во Република Македонија, а притоа и редовен плаќач во моментов не може како и секојпат досега да се снабди со огревни дрва.

Истиот тој вели дека дошло време да кога ќе отидеш во било која подружница на шумското договори за огревно дрво ДАБ не склучуваат и велат дека нема или количините се исполнети, но во истата таа подружница од портирот, чуварот, шумари,  инжењери па завршувајќи до директорот, сите да ти понудат огревно дрво даб но по повисоки цени.

Дали оваа иронична ситуација укажува на тоа дека шумарството е под капата на мафијата и истата таа ги зема целите количини огревни дрва и истите ги препродава секако по доста повисоки цени и секако притоа таа разлика ја пакува во нечии џебови, т.е. во џебовите на актуелните раководства на подружниците и шумската мафија. Граѓаните се видно вознемирени поради оваа ненормална појава во Македонија.

Шумското под капа на мафијата?! -писмо од пензионер, редовен купец и плаќач пред време.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This