ДАЛИ ЌЕ ИЗБЛЕДНАТ И ЛАГИТЕ НА ЗОРАН ЗАЕВ : Заев игра топло – ладно и со граѓаните и со раководството на рудникот „Еуромакс“!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денеска во Струмица се одржа мирен протест поради отворањето на рудникот за злато и бакар над селата Иловица и Штука. Граѓаните беа во огромен број со огромна бројка на возила кои беа обележани со мали македонски знаменца.

Видно вознемирен поради тоа, граѓанин кој до пред извесно време бил близок соработник на фирмите на Заеви, а сега пензионер ни прати писмо во кое како што вели тој, си ја отворил душата, а се однесува за рудникот на Еуромакс и оние кои се бунтуваат за неговото отварање.

Писмото кое ни го прати човекот родум од Струмица, а го пренесуваме во целост, вели вака :

„Животот го поминав со Заеви и нивните фирми и за нив направив толку колку што никој друг нема направено, ама сега кога излегов од таму, видов дека за нив и јас сум бил како и сите останати, само обичен предмет кој послужил да сработи и заработи некоја паричка за нив. Поголеми манипулатори од нив немало. Јас бев директно во приказната со рудникот, Зоран Заев едноставно многу лесно ги манипулира сите. Од една страна ги лаже граѓаните дека рудник ќе нема, а од друга страна преку фирмата во Бугарија си се спреми да работи со нив, т.е. со камионите кои ги набавија специјално за тоа се договори со раководството на рудникот за соработка, т.е. да ја возат рудата. Од една страна ги лаже граѓаните дека владата нема да дозволи отварање на рудникот во Иловица и Штука, а од друга страна преку судовите кои се ептен под негова контрола ја тера работата да се отвори рудникот. Човекот е неверојатен, доколку седиш и разговараш со него во моментот на разговорот може да те продава, а ти да не го приметиш тоа, едноставно, човек со вродена карактерна особина да манипулира толку вешто што неретко помислувам дека во светот нема друг човек како него спремен за тоа. Отсекојпат сум ги жалел тие луѓе што толку целосно, со целите семејства се одадоа на војната против рудникот, но никојпат не сум можел да ги разберам како можат да бидат толку наивни, но кога ќе помислам како јас децении не ги видов какви се, како можат тие за неколку месеци или години.

 

И денеска кога поворката со коли, велосипеди и не знам што уште имаше, сите обележани со македонски знамиња кога поминаа покрај бензинските на Макпетрол, ми падна во очи паното кое стои неколку години за изборите на кои Зоран Заев се докопа до премиерската фотеља. Истото тоа рекламно пано е видно избледено и си реков „СЛИКАТА НА ЗОРАН ЗАЕВ ИЗБЛЕДНА, АМА ДАЛИ ЛАГИТЕ ОД ЗОРАН ЗАЕВ ЌЕ ИЗБЛЕДНАТ“.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This