Дали 3aeв знae каде е на мапа: „Moќната“ Maкедонија пocле Никapaгва и вовeде caнкции и на Гвинeja

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Откако неодамна ја исплашија Никарагва, Македонија сега и’ воведе санкции и на Гвинеја, повторно придружувајќи се на Европската унија.

Рестриктивните мерки објавени во „Службен весник“ опфаќаат ембарго на opyжje, финансиски мерки и забрана за влез во Македонија.

Гвинеја е држава со 12,8 милиони жители во западна Африка и излегува на Атлантскиот Океан.

Пред неколку дена фудбалскиот клуб Шкупи го потврди најновото засилување, а тоа е 20-годишниот репрезентативец на Гвинеја, Мамадуба Бангура.

По ембаргото на Македонија кон Гвинеја, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски упати неколку прашања до државниот врв.

-По ембаргото на Македонија кон Гвинеја молам детално објаснување од властите, потребно за да се разбере важноста на овој чекор:
-Колкава е трговската размена на Македонија со Гвинеја?
-Колкава е финансиската размена на Македонија со Гвинеја?
-Колкаво учество во финансиските трансакции има трговијата со оружје и муниција меѓу Македонија и Гвинеја?
-Колкаво е учеството на патници од Гвинеја, со посебен осврт на патници со патни документи издадени од Гвинеја, во македонскиот вкупен број на влезови на странски државјани при воздушен, копнен и воден сообраќај, преку чартер или транзитен сообраќај?
-Знае ли Заев кој е премиер на Гвинеја?
-Знае ли Стево кој е Пендаровски во Гвинеја?
-Има ли започнат процес на вакцинација во Гвинеја и дали е тоа причината што нема вакцини во Македонија?
Ви благодарам

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This