ДАНЕВ ДО СДМ И ДУИ:Данев до СДСМ И ДУИ: Со цел зачувување на оваа лепена коалиција, го прекршивте Законот, Уставот и Деловникот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Драган Данев, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ денес на собраниската говорница на седницата за интерпелацијата на владата на СДСМ и ДУИ истакна дека само со цел зачувување на лепената владина коалиција, при носењето на Законот за двојазичност биле прекршени сите процедури, а токму за ова има сериозни забелешки од страна на претставниците на ЕУ во Македонија.


-За да ја одржите оваа тенка владина коалиција со ДУИ грубо апсолутно, грубо на очиглед на целокупната домашна јавност и на очиглед на целокупната пред се меѓународна јавност го скршивте Деловникот за работа, го скршивте Законот за Собрание го скршивте Уставот на Република Македонија при носење на незаконски, неуставен, неделовнички Закон за јазиците, истакна Данев.

Според Данев, има сериозни кршења на процедурата, а за ова има сериозни забелешки од Европската Унија и претставниците на Европската Унија во Македонија. Постои и сериозно предупредување дека тоа значителни ќе влијае во уназадување на процесот на Евроатланските интеграции на Македонија.

-Во предизборието ветувавте Закон, Устав, Деловник и со само еден потег и во само еден ден ги испогазивте и Законот и Уставот и Деловникот. Се` што збореа прекршија, заклучи тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This