Даниел Кајмakockи пријавил дека поранешната сопруга во кафе му ставила дpoга

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во скопскиот Клинички центар завчера завршил пејачот Даниел Кајмакоски откако му се слошило по средба со поранешната сопруга. Тој случајот го пријавил на полицијата бидејќи се сомнева дека таа му дала кафе во кое имало дрога.

Полицијата го потврди случајот и соопшти дека на 16.04.2021 во 13,00 часот во Полициска станица Центар од Комплекс клиники „Мајка Тереза“, било пријавено дека кај нив бил примен Д.К.(38) од Струга.

-По негово кажување додека бил во парк во Тетово, заедно со неговата поранешна сопруга (25-годишна жена), таа му дала кафе во кое што, според пријавеното, биле ставени наркотични средства. Жената била повикана во полициска станица Тетово при што ги негирала тврдењата на пријавителот и изјавила дека имале средба со Д.К. за да го види своето дете но воопшто не пиеле кафе. Додека траела средбата, според нејзино кажување, на Д.К. му се слошило, а таа за настанот го известила и Центарот за социјални работи. Известен бил Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот – велат од МВР.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This