Дарио пееше „Што е мое ќе си дојде… и си дојде: И него го ставија во калап! (ФОТО)

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дарио Панковски со децении е помалку или повеќе активен на македонската сцена. Сега кога вратите му се отворија за да се обиде да направи и регионална кариера, македонскиот пејач одново се обидува да ги препакува најдобрите свои песни и препее на хрватски, за да може „Кроација рекордс“ да му го издаде албумот кој конечно би го претставил во регионот.

Од друга страна, годините минуваат, а македонската поп ѕвезда е оддамна семеен човек, со веќе големи деца, кои наскоро можат да му донесат уште понекоја семејна „титула“ од типот: дедо или свекор… што е нормално. Зашто, како што самиот пее, штом ја најдеш својата „жена за сто или милион години“ сеедно, останатато само по себе доаѓа… А што е твое – ќе си дојде… како што си дојде кај Дарио!

И вака отстрана гледано, изгледа дека највисокиот македонски пејач оддамна е ставен во калап! Ако не до сега – сега сигурно! И тоа спакуван во калап по негова мерка! Отсега и буквално, во калап за правење колачи… Новогодишен афирмативен калап за колачи. Добро не тој, ама неговиот слоган од старо-новата песна: „Што е мое ќе си дојде“!

Ако те бива за правење колачи… како за правење песни. Ако не… повикај пријател(ка)… Или трк во слаткарница!
Извор:вистина.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This