ДАЧИЌ ЗА МАКЕДОНИЈА:Ако некој ѝ дава предност на Приштина пред Белград, тоа е политичка порака

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за надворешни работи на Србија во интервју за Радио Телевизија Војводина истакна дека доколку условот за влез на Србија во ЕУ е признавање на Косово, тогаш тоа е бајка.

-Ние сакаме ова прашање да се реши што поскоро. Но ако другата страна мисли дека е тоа решено, и дека ние треба само да ја признаеме независноста на Косово и со тоа да му се додвориме на Запад за да влеземе во ЕУ, не гледам дека е тоа патот кој Србија ќе го прифати. И затоа кажувам дека е тоа бајка, рече Дачиќ.

Зборувајќи за името Македонија, тој кажа дека станува збор за интереси и наведе дека „Скопје го призна Косово и гласаше за членство на Косово во УНЕСКО, додека Грција е пријателска земја која не го признава Косово“.

-Ако некој и дава предност на Приштина во однос на Белград, тоа претставува политичка порака, рече Дачиќ.

Во тој контекст тој кажа и дека западните земји кога говорат за решение на кризата со Косово, мислат на тоа да се прифати и признае независноста.

-Србија да го признае Косово, Косово да добие столче во ОН, да и сугерираме на Русија да гласа за тоа, тоа не е бајка, тоа е фатаморгана. Од тоа нема ништо, никогаш да се случи, рече Дачиќ.

Зборувајќи за Нацрт стратегијата на ЕУ за Западен Балкан во која пишува дека ЕУ ќе бара од Србија до 2019 година да постигне целосна спогодба за нормализација на односите со Косово, доколку сака да влезе во Унијата до 2025 година, Дачиќ рече дека „ако тоа остане во конечната верзија на стратегијата, одговорот на Србија ќе биде и како досега – дека прифаќа само тоа што е во нејзин интерес“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This