ДАЧИЌ: На некои европски лидери не им паѓа на ум да зборуваат за проширување

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ на Форумот на министрите за надворешни работи на учесниците во Берлинскиот процес во Познањ, рече дека полека се поставува прашањето за важноста на овие состаноците, бидејќи некои лидери на ЕУ изјавија дека се уште нема говор за проширувањето, објави српското Министерство за надворешни работи.

– Полека се поставува прашањето за потребата и исходот на одржување на овие состаноци и токму за тоа денес зборував најмногу, а така мислат и некои од моите колеги министри. Особено во моментот кога некои водечки европски лидери велат дека не им паѓа на ум да зборуваат за проширувањето на ЕУ. Ако е така, тогаш навистина не ја разбираме целта за одржување на овие состаноци, рече Дачиќ.

Тој истакна дека се залага „Србија и Црна Гора да се придвижат побрзо кон ЕУ, бидејќи не сме задоволни од динамиката, да се започнат преговорите со Албанија и C Македонија, во БиХ да се направи она што е потребно за да започне преговори со ЕУ за членство“, дури, додаде Дачиќ „ние немаме ништо пpoтив воведување визна либерализација за граѓаните на Косово, но тоа се работи кои не зависат од нас од ЗБ.“ Поради тоа е неопходно пораките на ЕУ да бидат охрабрувачки, ова да не биде некоја втора лига на ЕУ која ќе го замени процесот на европската интеграција, оцени Дачиќ.

– C Македонија и Бугарија следната година ќе претседаваат со Берлинскиот процес. Дали мислите дека C Македонија ќе биде задоволна со тоа да не добие отворање на преговорите, туку да претседава со Берлинскиот процес, изјави шефот на српската дипломатија.

– Имајќи го предвид фактот дека ние на Балканот не сме меѓусебно солидарни, дека имаме многу нepeшени прашања и дека имаме многу работа во областа на реформите, таквите пораки не наоѓаат на добра peaкција во нашиот регион, а потоа се поставува прашањето чуму сето ова му служи, праша Дачиќ.

Тој говорејќи и за односите и тeeнзиите на релацијата Белград-Приштина, констатира дека „сепак ние сме задоволни што постои таква иницијатива, но очекуваме дека во наредните години ќе резултира со некои конкретни мерки“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This