March 29, 2024, 12:47 am

Даштевски: Во ДИК ќе се работи само стручно и професионално

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) денеска дадоа свечени изјави пред претседателот на Собранието Талат Џафери, што се поклопи со истекот на мандатот на минатиот состав на Комисијата.

Претседателот на ДИК Александар Даштевски, кој како прв човек на Комисијата, доаѓа на предлог на ВМРО-ДПМНЕ, изјави дека е добро што се се завршило навреме, бидејќи тоа е важно за добро организирање на изборниот процес и не треба да има празнина помеѓу две комисии.

За својот избор и тоа што доаѓа на предлог на опозициската партија вели дека „изборот е по предлог на партија до избирање“, а оти потоа согласно законот и Уставот ќе работи стручно и професионално.

– Самиот Закон вели дека треба да ги правиме после работите стручно и професионално, така што тука завршува партиската помош. Може да се каже дека сум јас најнепартиски, ниту сум член во тело на некоја партија, така што тоа е само за изборот. Веројатно верувале дека можам да сработам добро и поради тоа се одлучиле за мене, изјави Даштевски.

Даштевски негираше дека оваа функција ја добил затоа што му помогнал на поранешниот премиер Никола Груевски да добие азил и затоа што актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски исполнува ветувања кон него. На прашањето дали е сигурен во тоа тој одговори: „100 отсто“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This