ДАШТЕВСКИ: Генерален реизбор на судии ќе наштети, не само на судството, туку и на сите граѓани

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Универзитетскиот професор, Александар Даштевски на денешната панел-дискусија во организација на институтот „Павел Шатев“ истакна дека СЈО се обидува да направи некои работи кои се спротивни на тоа што се договараше во Пржино, но и спротивни на пораките од релевантните европски фактори, односно Прибе, Советот на Европа и Европската Комисија.

-Ова претставува обид за ослабнување до уништување на една политичка партија која не се согласува да оди спротивно на интересите на народот, односно не се согласува да го промени името на државата, а со самото тоа идентитетот, јазикот, знамето и другите симболи. Тоа е основната цел од почетокот на политичката криза во Македонија до денес, посочи Даштевски.

Истакна дека она што се случува со СЈО е пазар, и дека коалицијата меѓу СДСМ и ДУИ била наметната со тоа што немало да се покренуваат обвиненија против функционери од ДУИ, но и оти претходно се воделе обвиненија против функционери од партијата.

-Јасно им е на сите судии, на целата јавност дека не постојат докази, не се обезбедени докази, затоа што на крајот на краиштата СЈО не објасни од каде се. Веќе имаше заземен став Основен Суд 1 дека не може да се употребуваат како докази доколку не се прибавени на законски начин. Тоа беше основната цел на СЈО, пред да почне со постапките, да објасни за секој од прислушуваните материјали, дали е прислушуван со ПИМ мерки, дали со дозвола на судот, дали е прислушуван од УБК или од страна на тогашната опозицијата, што е најверојатно точно, посочи Даштевски.

Според него, сегашната власт ги однесе материјалите во СЈО, значи материјалите биле во нив, а тоа не е овластено.

-Овде се одземаат пасоши што директно доведува на валкање на личноста на тие што им се прави и до други последици, ја вознемирува јавноста. „Штом е одземен пасошот можеби и има нешто тука“, појаснува универзитетскиот професор, додавајќи дека каде што има пазар, нема почитување на право и правна држава.

-Некои аналитичари на власта велат дека треба да се направи генерален реизбор на сите судии што апсолутно е спротивно од извештајот на Прибе. Тој извештај се однесува само на именување, наградување и разрешување на судии и таму е предложено како да се направи тоа. Досега тоа е правено исклучиво со одлука на Републичкиот судски Совет, а сега треба да се земе индивидуалната компонента на секој што ќе биде награден, именуван или разрешен, бидејќи треба да се земат неговите индивидуални способности. Тоа е објаснето како треба да се направи. Прибе предлага да се земат предвид препораките на Венецијанската комисија при фер и правично судење и за тоа не е спорно во македонската јавност. Тој приложил како тие измени во законот да се направат, вели Даштевски.

Посочи дека многу реформи се направени во последните 10 до 12 години.

-Никако не треба да се направи генерален реизбор на судството бидејќи тоа може многу да му наштети, не само на судството, туку и на сите граѓани на Република Македонија. Доколку се направи генерален реизбор треба и да се прераспределат предметите, тоа ќе одземе година-две и луѓето ќе западнат во лавиринти и луѓето нема да можат да се решат или барем нема можат да се решат така како што требало.  Овие предлози за генерален реизбор не се поради реформи, туку за партизирање на судството и обвинителството, истакнува даштевски.

Според него, СЈО е завршена работа бидејќи членот 22 од Законот за Специјално Јавно Обвинителство за година и пол од добивање на предметите престанува мандатот за поведување на постапки од страна на СЈО.

-Слушаме сега овие денови дека и покрај тоа што престанала истражувачката работа на СЈО, значи не може веќе да поведува истражни постапки, тоа повторно презело некои дејствија, влегувало во фирми, одземало документи. Што значи директно прекршување на Законот за Специјално Јавно Обвинителство, односно на членот 22. Ние зборуваме за право и правна држава, а главниот орган кој треба да го почитува законот, СЈО, не го почитува законот, потенцира професорот Даштевски.

Вели дека Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева јавно кажа во повеќе наврати, а и во Собранието дека не го почитува Уставниот суд, не го почитува Советот на јавни обвинители, не го почитува Собранието, а кажа и за други органи. Тој појасни дека ова е апсурд бидејќи СЈО му одговара на Советот на јавни обвинители и Собранието, појаснува Даштевски.

-Ако сакате да правите правна држава, тогаш вие треба да дадете пример со законско постапување. Затоа апсурдно е сега да разговараме за почитување на право и правна држава, затоа што тоа сега апсолутно не постои, рече Даштевски.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This