April 19, 2024, 10:33 am

Две години баран криминалец од Германија фатен во Скопје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според информации од МВР, денеска во 13.15 часот, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек за потрага на ул.МАНАПО во Скопје, во скопската населба Карпош, врз основа на издадена меѓународна потерница го приведоа лицето С.Х.(44) од Боизенбург, Германија.

Лицето се барало за издржување на казна затвор од седум години и три месеци за сторени кривични дела измама и пирамидални шеми со измама, како и истрага за кривичните дела недозволена трговија со дрога и фалсификување.

При приведувањето, кај С.Х. биле пронајдени четири пасоши на германски државјани и други предмети, а со С.Х. биле затекнати и две малолетнички (двете на возраст од 10 години) по кои германската полиција трагала како исчезнати лица.

Една од малолетничките е ќерка на приведениот, а која од нејзината мајка била пријавена за исчезната во Германија. По трите лица Интерпол трагал од 22.02.2018 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This