April 20, 2024, 12:45 pm

Две години од пропаднатиот референдум за името

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На 30 септември 2018 година граѓаните на Македонија рекоа „не“ за промена на името на македонската држава со масовниот бојкот на пропаднатиот референдум.

Речиси две третини од запишаните 1.806.336 граѓани во избирачкиот список не се појавија на гласачките места, на кои излегоа само 666.743 или недоволни 36,91 отсто, далеку од потребниот услов да гласаат најмалку 50 проценти плус еден избирач.

Поради тоа, Државната изборна комисија го прогласи за неуспешен референдумот со прашањето „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“.

Сепак, Владата на Зоран Заев ја погази јасно и гласно изразената народна волја и со помош на осумтемина одметнати пратеници од опозицијата, некои од нив извадени од притвор за настаните од 27 април за да гласаат, обезбеди двотретинско мнозинство за уставни измени и за преименување на државата во „Република Северна Македонија“

Извор: Експрес

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This