Двe y6иcтвa вo Скопје, чeтиpи жpтви, a ни тpaг oд пpoнaoѓaњe нa cтopитeлитe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Убиства во Топанско Поле и во Бутел сè уште не се расчистени. Во рок од околу еден месец во Скопје убиени се четири лица, а сторителите не се знаат, а со тоа не се ниту уапсени.

Нема траг од сторителите на убиствата во Топанско Поле, каде во автомобил беа застрелани 28 – годишниот Африм Бериша и 24 – годишниот Бурим Вардар. Иако во овој случај е прегледан видео – надзорот, засега има информации за лица и за возила, а се повикале на информативен разговор очевидци и лица кои може да се поврзани со случајот.

Полицијата сè уште не кажува дали има осомничени лица за двојното убиство на бензинската пумпа во Топанско Поле. Полицијата и натаму работи на откривање на мотивите за вооружениот напад кој пред три недели се случи во населбата Бутел каде беше убиен 43 – годишниот Камбер Идризи, а неговиот 24 – годишен внук се здоби со тешки повреди и почина во болница.

-Се работи на расчистување на случаите, велт од МВР.

Според извори од МВР, на убиството во Бутел се работат на неколку траги. Најверодостојна е онаа поврзана со вооружениот судир пред две години, кога вооружена група отвори оган кон лица кои седеа во фоајето на еден познат хотел во Скопје, пренесуваат од Алсат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This