ДЕЛЧЕВО СЕ ПРИКЛУЧИ КОН ИНИЦИЈАТИВАТА,,ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА“:Да се отфрлат платформите пишувани во други држави

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сите политички партии заедно со граѓаните да изготват платформа за заедничка Македонија и да ги отфрлат платформите пишувани во другите држави, порачаа учесниците на денешниот протест на иницијативата „За заедничка Македонија“ што за прв пат се одржа во Делчево.

delcevo-520x295

– Бараме од политичките партии во преговорите да не помислуваат да усвојат владина програма која не би била изгласана од граѓаните на изборите. Бараме од партиите, посебно од ВМРО­ДПМНЕ и СДСМ да не допуштаат да се гласа во Собранието за двојазична Македонија, затоа што тоа ќе биде вовед во редефинирање на Македонија, истакна Кирчо Атанасов, претставник на граѓанската иницијатива.

Од претседателот на државата се бара да опстои на својата одлука, да го почитува Уставот и да не го доделува мандатот по истекувањето на уставниот рок. Протестниот марш се одвиваше по улиците во центарот на Делчево и помина мирно.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This