Дел од компаниите што зеле државна помош ќе треба да ги вратат парите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Фирмите што земале помош од државата за да се справат со последиците од ковид кризата, а кои покажале позитивни резултати, сега ќе треба да ги враќаат парите.

Првото враќање стигнува веќе овој месец, а фирмите заклучно до 31 март до УЈП требале да ја достават бараната документација.

Вкупната исплата на мерките кои се спроведоа преку УЈП изнесува 8.350.781.472 денари, или 135.344.918 евра. Обврската за враќање на примената финансика поддршка е 1,209.250.778 денари, или 19.598.878 евра, односно 14,5 отсто од вкупната исплатена финасиска помош – изјави директорката на УЈП Сања Лукаревска.

Фирмите и самостојните вршители на дејност имаа можност да земат финансиска помош за исплата на плати за април, мај и јуни и за октомври, ноември и декември и постоеше можност за субвенционирање на придонесите за април, мај и за јуни.

Според регулативата, компаниите не го враќаат целиот износ. Тие враќаат најмногу до износот од 50 отсто од остварениот финансиски резултат пред оданочување за 2020 година, а дополнително, согласно регулативата имаат и признати трошоци.

Помошта земена за април, мај и јуни минатата година, се враќа во април, мај и јуни годинава, односно на 3 рати без камата. А, помошта земена за октомври, ноември и декември лани се враќа во октомври, ноември и декември годинава.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This