Денеска е Св. свештеномаченик Аполинариј

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 23 јули. Денеска е Св. свештеномаченик Аполинариј.

Свети Аполинариј потекнуваше од Антиохија. Му беше ученик на апостол Петар, кој го ракоположи за епископ на Равена. Во Равена Аполинариј проповедаше 12 години и многумина привлече кон Христа, а потоа беше испратен во прогонство на Балканот поради злобата на равенските старешини јазичници.

Тој и тука не заборави на службата што му беше доверена, па проповедаше за Христа по целиот полуостров три години, за повторно да биде прогонет, сега назад во Италија. Гледајќи го повторно во Равена, равенските старешини не можеа да го истрпат неговото присуство, па ги нахушкаа јазичниците да го избодат со ножеви. Така пострада овој светител во времето на римскиот император Веспазијан.

Неговите мошти се сочуваа и почиваат во Равенската црква подигната во негова чест.

Според Католичкиот календар денеска е Просветување на Базиликата Св. Марија.

По одржувањето на саборот во Ефес во 431 година, на кој Исусовата мајка била прогласена за Богородица, во Рим на Есквилино папата Сиксто Трети изградил базилика во нејзина чест. Базиликата била наречена „Света Марија Велика”. Тоа е најстрата црква посветена во чест на благословена Девица Марија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This