Денеска на секој верник му се исполнува по една желба!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За време на прогоните на Диоклецијан, Автоном кој беше по потекло од Италија се пресели во областа Витинија во Мала Азија, во некое место Сореос.

Во црквата тој беше епископ. Во Сореос ја подигна црквата Свети Архангел Михаил. Близу Сореос се наоѓаше местото Лимна, населено исклучиво со незнабошци. Свети Автоном го проповедаше Евангелието и тука и многумина обрати во евангелската вера. А незнабошците се озлобија поради тоа.

Еден ден тие навалија во храмот Свети Архангел Михаил и го убија свети Автоном во олтарот, а убија и многу други христијани во храмот.

 Во времето на Константин на гробот на свети Автоном беше подигната црква, а 150 години потоа беа пронајдени и нетлените мошти на овој светител, преку кои многумина добија исцеление.

Според народните верувања се смета дека на овој ден, по кажаната молитва за овој ден, треба да се посака желба која светецот Автоном ќе ја исполни.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This