Денеска се празнува Св. Јоаким и Ана

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 9 септември.

Денеска е Св. Јоаким и Ана.

Денешниот празник е органски поврзан со празникот од претходниот ден, со празникот на раѓањето на Богородица. Како и по сите поголеми празници, и по овој празник се празнува споменот на непосредните учесници во настанот што ја сочинува содржината на вчерашниот празник.

Тоа е споменот на светите Јоаким и Ана. Таткото на Јоаким се викаше Варпафир и беше родум од Јудиното племе, а потомок на царот Давид, а Ана беше ќерка на свештеникот Матан, од Левиевото колено. Тие ја добија ќерка си Марија на стари години, после 50 години брак и по нивните долги и топли молитви. Инаку, самите доживеаа длабока старост свети Јоаким се упокои на 80, а света Ана на 79 години.

Свети Јоаким беше син на Варпафир, од Јудиното колено, и потомок на царот Давид. Ана беше ќерка на свештеникот Матан, од коленото Левиево, како и првосвештеникот Арон. Тој Матан имаше три ќерки: Марија, Совија и Ана. Марија се омажи во Витлеем и ја роди Саломија; Совија се омажи исто така во Витлеем и ја роди Елисавета, мајката на свети Јован Предвесник; а Ана се омажи во Назарет за Јоаким и во својата старост ја роди Пресвета Богородица. Јоаким и Ана живееја во брак педесет години и беа бесплодни.

Живеја богоугодно и тивко и од сите свои приходи само една третина употребуваа за себе, другата им ја раздаваа на сиромасите, а третата ја даруваа во храмот. А беа доволно имотни. Еднаш на старост, кога одеа да Му принесат жртва на Бога во храмот, првосвештеникот Исахар го укори Јоаким: „Не си достоен од твојата рака да се прими дар, бидејќи си бездетен.“ Така и другите што имаа деца го туркаа Јоаким зад себе како недостоен. Тоа многу ги нажали овие две стари души, па дома се вратија во голема тага.

Тогаш обајцата припаднаа на молитва кон Бога за и ним да им направи чудо како некогаш на Авраам и Сара и да им подари едно дете за утеха во староста. Бог им го испрати Својот Ангел, којшто им го објави раѓањето на нивната преблагословена ќерка, со која ќе се благословат сите народи на земјата и преку која ќе дојде спасението на светот. И Ана зачна веднаш и во деветтиот месец ја роди Пресветата Дева Марија. Свети Јоаким поживеа на земјата осумдесет, а Ана седумдесет и девет години и се преставија кај Господа.

Од католичкиот календар: Денеска е Св. Тома од Виланова.

Роден е во 1486 година во Фуенлано, во Шпанија. Неговиот татко бил мелничар. Кога умрел неговиот татко, тој го продал имотот и парите им ги поделил на соромашните луѓе. На 26-годишна возраст бил професор по филозофија и теологија. Во 1518 година станал свештеник, а во 1544 година поради неговата ученост бил назначен за надбискуп на Валенсија. Бил познат како проповедник, а народните маси барале од него да ги каже неговите размислувања за Господ и вечниот живот. Свети Тома умрел во 1555 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This