Денес верниците во стpaв се молат на Свети Мамант: Од неговата светocт и дивите ѕвepkи се пpипитомуваат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Православните верници денес го слават Светиот маченик Мамант.

Родителите на Мамант беа христијани од Пафлагонија, област што се наоѓа во северниот дел од Мала Азија

Животот го завршија во пафлагониските затвори, потклекнувајќи им на измачувањата. А на Мамант му се случи да се роди во затворот во времето на страдањата на неговите родители. По нивната смрт, од затворот го зеде некоја вдовица Амија, на која претходно и се јави ангел и и кажа за бебето. Амија прекрасно го подигна даруваниот син.

Дури кога навршува 5 години, почнува да зборува, а првиот збор му бил -мама. Затоа го добил името Мамант. Бил многу бистра и не ја криел неговата вера во Бога и неговото христијанство. Но незнабошците не ги поштедувале ниту децата во санкциите.

Кога Мамант беше на 15-годишна возраст, во времето на цар Аврелијан, го приведоа како христијанин, го мачеа и го фрлија в море, затоа што не сакал да се одрече од Бог. Но анѓел Божји го спасува, морето го исфрли жив и неповреден, па овој се повлече во тихување на една планина близу Кесарија.

Тој тука живее во самотија и молитва. оД неговата светост и дивите ѕверови се припитомувале. Но и тука бил пронајден и повторно ставен на маки. Го фрлаа во оган и пред ѕверовите, а кога Мамант со својата светост чудесно ги победи сите овие искушенија, некој идолски жрец го прободе со трозабец. Овој свет маченик се упокои во 275 година.

Од неговите мошти се случуват многу исцеленија на болни.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This