ДЕНЕС ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ ПРЕД ПРАТЕНИЦИТЕ: Неизвесно , дали пратениците ќе расправаат за амандманите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Талат Џафери за денеска напладне го закажа продолжението на 32-та седница на која на дневен ред е и за Законот за употреба на јазиците, за кој опозициската ВМРО-ДПМНЕ има поднесено над 35.000 амандмани.

Засега нема информации дали пратениците ќе расправаат за амандманите и како ќе се надмине оваа ситуација која може да предизвика блокада на Парламентот или тие ќе бидат прескокнати и ќе се расправа за другите точки од дневниот ред на оваа седница, јави МИА.

Доколку дојде до некаква расправа по оваа точка би можело да се очекува на седницата да учествуваат и пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, кои најавија присуство за амандманите.

Законот за употреба на јазиците беше тема и на неделната средба меѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Премиерот истакна дека во однос на законот за употеба на јазиците се далеку од позиците.

– Предлогот да се формира работна група која со уставни експерти би ги толкувале уставностите на самиот закон апсолутно е неприфатливо. Прво од принципиелни и прагматични причини, а тоа е дека постои Уставен суд во РМ и ако нешто е неуставно тоа треба да го каже Уставниот суд. Параламентот ги гласа законите, претседателот го употеби своето право на вето и го врати законот. И навистина ова законско решение е неовозможено право на помалку бројните заедници треба да се овозможи, а потоа постои Уаставниот суд ако навистина тврдат дека е неуставен. За нас законот е уставен и апсолутно не треба да го доведеме Парламентот во ситуација да ги толкува уставноста или неуставностите, истакна Заев.

За Законот за употреба на јазиците, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го повторил ставот на партијата дека тој е неуставен и неприменлив, и оти мора да се испочитуваат Деловникот и законите.

На дневен ред на 32. седница, меѓу другите, се и измените и дополнувањата на Законот за минерални суровини и на Законот за земјоделско земјиште, двата по скратена постапка чии предлагачи се пратеници од владејачкото мнозинство. Пратениците треба да ги донесат и измените на законите за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица и на пратеници, со кои се намалува надоместокот за патни трошоци на пратениците и други именувани избраи лица, а треба да се гласа и за финансиски планови за 2018, предлог-одлуки и годишни извештаи.

За утре е закажано и продолжение на 11. седница која има заостанато една точка на дневниот ред и тоа измени на Законот за заштита од пушење.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This