March 29, 2024, 12:26 am

Денес не очекува сончево и многу топло време, УВ индексот 9

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне повторно ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени. УВ=9.

Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 35 степени.

До средината на наредната седмица ќе бидеме под влијание на нестабилна воздушна маса која ќе предизвика да има честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This