Денес не очекува сончево и топло време, попладне дoжд и нeврeмe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Времето во земјава денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 23, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени. УВ=9.

Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне и во скопската котлина ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне 35 степени.

Под влијание на понестабилна воздушна маса, од утре следуваат денови кога во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност проследена со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има услови и за поинтензивни процеси во форма на локално невреме. Нестабилно на повеќе места ќе биде за време на викендот, кога ќе има и намалување на дневната температура.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This