Денес пpoмeнливo oблaчнo co пoвpeмeн дoжд – oд yтpe oбилни вpнeжи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Времето во земјава ќе биде променливо облачно, попладне во западните делови со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Кон крајот на денот од запад ќе се прошири нова облачност од која преку ноќта ќе започнат поинтензивни врнежи од дожд.

Утринската температура ќе се движи од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.

Во Скопје, променливо облачно, студено и ветровито. Од вечерните часови ќе биде облачно и преку ноќта со појава на повремен дожд. Утринската температура ќе се спушти до 6, а дневната ќе достигне до 13 степени.

Во четврток ќе има пообилни врнежи, кога поради спуштање на студена воздушна маса, на планините особено во западните делови ќе врне снег, а понекаде и на повисоките места дождот ќе преминува во снег.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This