ДЕРКОВСКИ: Ако во првиот круг ја нема потребната излезеност, изборите ќе пропаднат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Државната Изборна Комисија, Оливер Деркоски не открива какво решение ќе издаде ДИК на новоизбраниот претседател, дали тоа ќе биде за избор на Претседател на Република Македонија или пак за избор на Претседател на Република Македонија, како што гласи решението за распишување на изборите.

Деркоски во интервју за Прес24, само кратко одговора дека Државната изборна комисија ќе постапува согласно Уставот и позитивните законски прописи, но не прецизира што тоа значи.

Што се однесува пак до гласачкото ливче, вели тоа ќе биде како и за сите претходни избори.

–Гласачкото ливче нити претходно нити пак сега ќе има наслов, на него секогаш стојат кандидат под реден број и знамето на државата, вели Деркоски за Прес 24.
Деркоски не сака да лицитира со можноста за успешност или не на изборите од аспект на уставниот цензус од 40%, но во интервјуто вели дека ако и во првиот круг ја нема потребната излезеност тогаш изборите ќе пропаднат.

– Во таква ситуација се распишуваат нови избори кои ќе треба да се одржат за 40 дена, вели Деркоски во интервјуто.
Првиот човек на ДИК, вели дека е свесен за одговорноста што јавноста ја очекува од ДИК за овие избори, особено по серијата пропусти што се случија на Референдумот, но тврди дека ќе одолеат на какви било притисоци. Вели дека со избирачкиот список нема никакви проблеми.

-За мене сум сигурен и се надевам дека и другите членови на Државната изборна комисија се свесни за предизвикот и за нивната одговорност, односно нема да дозволат никакви влијанија во носењето на нивните одлуки, вели Оливер Деркоски во интервју за Прес24.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This