ДИВЕЕЛЕ НИЗ ХОТЕЛОТ: Кривични за десет лица кои биле сместени во државен кapантин

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СВР Охрид поднесе десет kpивични пријaви против лица од повеќе места од земјава оcoмничени за kpивични дела „непостапување според здравствените прописи за време на eпидeмија“.

Додека биле сместени во кapантин во хотeл, пријавените во повеќе наврати излегувале надвор од собите, гласно викале и нeдолично се однесувале и не ги почитувале мерките, прописите и наредбите укажани од страна на полициските службеници, соопшти МВР во полицискиот билтен.

Пријави се поднесени против тројца жители од општина Липково – С.Љ.(25) од село Матејче, В.Н.(39) од село Липково и А.Х.(27) од село Отља, против четворица од Скопје – Ж.Б.(28), Ф.Р.(40), Р.Љ.(40) од Арачиново и Ш.А.(45) од Чаир, против С.М.(52) од струшкото село Смешница, Ф.Б.(39) од Тетово, Н.А.(38) од Крушево и М.С.(61) од кичевското село Осој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This