ДИМИТРИЕСКА КОЧОСКА: Не можам да потпишам заем од 90 милиони евра врз основа на 2 листа хартија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Техничката заменик министерка за финансии, Гордана Димитиеска Кочоска, во своето гостување во телевизија Алсат уште еднаш ја потенцираше причината зошто не го потпиша заемот од 90 милиони евра од Светска банка. Таа истакна дека не може проектно финансирање да се базира на 2 листа хартија како што вели таа, 1 од министерство за здравство, 1 од министерство за труд и социјала. Кочоска посочи дека кога се работи за проектно финансирање потребно е да се има јасни пресметки врз основа на кои ќе се бара заемот.

-Јас имав неколку разговори со светската банка, тука не станува збор за некоја блокада која Гордана ја има кон светска банка бидејќи знаете еден ден пред овој кредит да биде доставен до мене имаше друго барање упатени, тие 50 милиони евра кои што беа наменети за стопанството и ги потпишав без никаков проблем бидејќи таму беа јасно наведени критеритумите под кои ќе се врши исплатата на тој кредит. Во конкретнава ситуација ние збориме за проекто финансирање. Проектното финансирање е разговорано помеѓу светската банка и ресорните министерства тоа се труд и социјала, здравство и тука било вклучено и министерството за финансии и сето тоа се случувало 1 месец пред да ми биде доставен документот до мене. Документот беше доставен до мене на 28 април притоа кога го доставија документот имаше 1 ливче од труд и социјала за 54 милиони евра и исто така 1 ливче од здравство за 34-те милиони евра кои што им се потребни на нив. Тоа беше и причината зошто јас побарав дополнително образложение за што ќе се трошат парите. Светската банка можеби знае, но јас не знам. И тука беше потребно повторно ќе напоменам зборуваме за проект, проектно финансирање и кога имате проектно финансирање треба да имате јасни пресметки за што ги барате средствата, вели таа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This