Димитров за преговорите со Бугарија: Доколку видам дека работата оди во лош правец ќе бидам тој што ќе го спpeчи тоа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Мојата грижа за македонскиот идентитет е прашање кое е поважно од мојата политичка кариера. Апсолутно ќе бидам дел од било какви разговори. Бев предводник на изборна единица во Скопје и бев избран. Тоа им го должам на граѓаните, изјави вицепремиерот Никола Димитров задолжен за европски прашања во Топ тема.

Тој додава дека Македонија треба да ја каже својата страна од приказната, и дека не е Македонија таа која го внесе ова прашање во ЕУ, туку дека Бугарија го направи тоа. Во 21 век да се каже во ЕУ дека нашиот јазик не постои, туку дека е дијалект.

Мојата одговорност е посилна од се друго за ова прашање. Ние ќе бидеме со Заев тим, некогаш имаме разлика во тактиката, меѓутоа како потпреседател на владата, кој учествувал на избори, ми дава за право да бидам дел од сите суштински разговори за ова прашање и дел од решението. Доколку видам дека работата оди во лош правец ќе бидам тој што ќе го спречи тоа. Така ја гледам мојата позиција, инаку би се сведел на декор, тоа е невозможно. За ова прашање и за уште неколку кои се важни за граѓаните, мојот глас ќе биде случнат и во ЕУ и надвор од ЕУ, вели Димитров

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This