Димитров: Имаме утврдена формула за употреба на јазикот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

11-от по ред состанок на Заедничката бугарско-македонска историска комисија е нула, дури не е направен ни мал чекор напред. Ова го изјави копретседателот на комисијата проф. Ангел Димитров, пишува БГНЕС.

Јас навистина сакам следната година, навистина да го направиме она што се очекува од нас заради потпишаниот Договор за пријателство и добрососедство, додаде проф. Димитров.

„По деветтата средба, нашите колеги одбиваат да го потпишат записникот, инсистирајќи терминот „македонски“ да постои насекаде. Со блокирање на потпишувањето на протоколите, тие ја доведуваат во прашање нашата работа. Работите изгледаат несигурни и покажуваат неподготвеност да се работи интензивно и ефикасно. Ова е дел од обидот да се дискредитира Бугарија“, рече проф.Димитров, додавајќи:„ Имаме утврдена формула за употреба на јазикот. Оваа формула работи и имаме десетици потпишани документи“.

Тој исто така повтори дека Бугарија нема претензии за современите реалности во Р Македонија. 

„Тезите постојано се менуваат, постојано се сугерира дека некој ги доведува во прашање идентитетот и јазикот на Македонија. Сите овие предлози се непродуктивни. Забелешките остануваат само на историјата. Не треба да се шпекулира со страстите и емоциите на луѓето “, рече проф.Димитров.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This