April 24, 2024, 12:20 pm

ДИМИТРОВ ЈА ПРОМАШИЛ АДРЕСАТА: Наместо во Берлин, треба да оди во Париз, Хаг и Копенхаген!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ханс ван ден Берг, експерт за Балканот и директор на БИП, преку Твитер му се обрати на министерот за надворешни работи Никола Димитров.

„Место среќавање еднаш неделно со истите луѓе во Берлин, не ли би било подобро да се искористат парите на македонските даночни обврзници за три други посети (да речеме Париз, Хаг и Копенхаген)? Или да се остане дома за да се поработи на реформите и на помиpyвањето, наместо да се кажуваат европски приказни/бајки?“, твитна Холанѓанецот како реакција на твитот на Димитров: „Јас сум повеќе берлинец! Мојата трета посета на Берлин во само еден месец почнува со примање вреден увид од драгиот Метин Хакверди. Домашните реформи, добрососедство и ЕУ-перспективите во фокусот. Благодарам многу за Вашите поддршка и совет“.

Токму Франција, Холандија и Данска беа најрезервирани минатиот јуни околу датумот за почеток на преговори на Европска унија со Македонија, а слично е и годинава.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This