April 25, 2024, 10:06 am

(Видео) Арсовски: Без оставка на Заев и Филипче нема објективна истрага за пожарот во Тетово

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најнапред да изразам уште еднаш сочувство до фамилиите и семејствата на загинатите во вчерашната трагаедија, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ во својата реакција на изјавата на министерот за здравство, Венко Филипче.

„Венко Филипче нема одговор на ниту едно прашање кое што ја интересира јавноста и кое што му се поставува цел ден, но во едно е сигурен и знае единствено дека нема да поднесе оставка. Воедно тој не знае дали чувствувал морална одговорност и ќе го чекал извештајот на Оливер Спасовски. Сочувствуваме што 14 животи згаснаа во институција за чија безбедност и животи би требало да се грижи Министерството за здравство“, истакна Арсовски.

„Oна што првенствено сакаме да го потенцираме во овој момент, уште една кажувам да го потенцираме е потребата од неутрална и објективна истрага и лоцирање на целосна одговорност за вчерашната трагедија. За жал без оставка на Зоран Заев и Венко Филипче кои што можат да влијаат на истрагата нема да биде можна непристрасна и објективна истрага. Во овој случај доколку не дадат оставка Зоран Заев и Венко Филипче ќе истражуваат за пропустите на Венко Филипче и Зоран Заев. Класичен апсурд. Зоран Заев и Венко Филипче да покажат барем малку доблест и да ги ослободат институциите од нивните притисоци“, рече портпаролот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This