April 19, 2024, 11:25 pm

ДИРЕКТОРОТ НА ДБКИ СО „КОЛЕШКАТА“ НА СКАПИ ПРОШЕТКИ: ДБКИ се распаѓа, а директорот шета по скапи хотели и ужива во викенд прошетки!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Полека се расчистува ситуацијата околу безбедносниот инцидент кој се случи во просториите на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, пред десетина дена. Да напоменеме дека се уште нема никаква изјава или реакција ниту од Дирекцијата, ниту од МВР, а дознаваме дека инцидентот воопшто не е заведен ниту во полицискиот билтен од тој ден!

Се поставува прашањето, кој и зошто го прикрива инцидентот, и дали со прикривањето на овој инцидент некој сака да го компромитира директорот на ДБКИ, Стојан Славески, чувајќи го предметот во сеф за да го употреби во вистинскиот момент?

Ова сценарио добива на кредибилност, ако се погледне целата приказна пред и околу инцидентот. Имено, безбедносниот инцидент се случува кога директорот е на „службен“ пат со една своја многу блиска „колешка“, и тоа во Брисел, за време на викенд, престојувајќи во еден од најскапите хотели во центарот на Брисел, хотелот Crowne Plaza, кадешто ноќевање чини од 150 до 200 евра од ноќ.


Со кого имал средби директорот за време на викенд, во периодот на божиќните празници останува многу голема дилема. Понатаму, за да се оправда службеното патување, придружничката на директорот става слика од НАТО штабот на својот профил на социјалната мрежа фејсбук, со што би требало да го оправда своето службено патување во Брисел.

Уште еден индикатор за „блискоста“ на Славески со оваа колешка е што ја унапредува за цели три нивоа краток период пред патувањето во Брисел. Дали патувањево било за да се прослави унапредувањето?

И дали целава оваа ситуација некој ја следел, па се донесува одлука да му се прати порака на директорот преку правење на безбедносен инцидент во ДБКИ, токму вечерта пред тој да се врати, за потоа да се има Славески во рака, и да се уценува за да врши одредени манипулации со безбедносни сертификати или со класифицирани информации?

Инаку, треба да се напомене дека Славески важи за близок до Шеќеринска, па не може да се отфрли и можноста дека станува збор за внатрепартиски препукувања во СДСМ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This